Во тек на април 2016 година, во организација на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), а поддржано од Град Скопје, започнува тридневна работилница за веб дизајн. На оваа обука можат да учествуваат средношколци од гимназиите во градот Скопје, кои следат втора, трета или четврта година и се заинтересирани да добијат поголемо знаење во делот на веб дизајн и работа со HTML и CSS.

 

Обуката ќе се одржува од 08 до 10 aприл 2016 година, во просториите на ФИНКИ, каде што предавања и работилници ќе бидат одржани од професори и асистенти од факултетот.

Како резултат на оваа обука, учесниците ќе треба да создадат едноставна веб страна која што ќе прикажува информации за некој дел од градот, која што ќе биде информативна и интересна за граѓаните, но и туристите кои што го посетуваат градот Скопје.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат работен период од еден месец во координација со професорите, се до почетокот на месец Мај, за секој учесник да ја финализира својата страна. Најдоброто решение ќе биде презентирано на фестивалот : Скопје Креатива 2016. Победникот со најдоброто решение ќе биде награден.

 

Линк за следење на настанот во живо: mooc.finki.ukim.mk

 

Агенда за настанот:

08.04.2016

Предавач: проф. д-р. Иван Чорбев

17:00 - 19:00 - Tеорија на дизајн
 

09.04.2016
Предавач: асс. М-р. Иван Китановски
09:00 - 10:40 - Вовед и основи на HTML  и CSS

10:40 - 11:00 - Кратка пауза

11:00 - 12:40 - Box модел (позиционирање на содржина и основи на типографија)

12:40 - 13:30 - Пауза за ручек

13:30 - 16:00 - практична работа и вежби

 

10.04.2016

Предавач: асс. М-р. Бобан Јоксимоски
09:00 - 10:40 – Позадини и градиенти, листи

10:40 - 11:00 - Кратка пауза

11:00 - 12:40 - Слики и мултимедија, форми, табели

12:40 - 13:30 - Пауза за ручек

13:30 - 16:00 - Практична работа и вежби

 

07.05.2016.

Задолжен: Сите ментори

11:15 - 12:00 – Извештај за прогрес, координација со ментори

 

09-11.06.2016.

Презентација на најдобрите проекти и награди

 

Повеќе информации на официјалниот настан на Facebook.

 

Формата за пријава може да ја најдете на следниот линк.

 

Побрзајте со пријавите, местата се ограничени.

 

Се гледаме на ФИНКИ!