01/12/2012

ФИНКИ е повторно хуман - успешно учествуваше во проектот “Еднаков пристап за лица со посебни потреби преку сервисното учење”, фундиран од Американската Алумни Асоцијација. Интерактивната апликација за е-учење “Тутор за Македонскиот знаковен јазик”, наменета за помош во изучувањето на јазикот на глувите беше одлично прифатена и започна да се дистрибуира во установите каде што е потребна. Тимот на ФИНКИ беше предводен од проф. д-р Ана Мадевска Богданова, а апликацијата е изработена од страна на ФИНКИ студентот Марјан Ѓуровски. под менторство на проф. д-р Невена Ацковска и асс. м-р Магдалена Костоска.
