30/04/2013

Во рамки на предметот по Дизајн и архитектура на софтвер, на ден 26.04.2013 година, со почеток во 12 часот во горната зграда на ПМФ, ќе се одржи практично предавање подготвено од компанијата Seavus, кое е отворено за сите студенти на ФИНКИ. Предавањето е на тема „Дизајн шаблони во пракса“.
Целта на предавањето е да ги доближиме најкорисните шаблони до студентите на начин што презентерот ќе претставува примери од реалени проекти, а потоа преку интеракција со студентите ќе се обиде да ги реши проблемите служејќи се со некој соодветен шаблон. Дополнително ќе се дискутираат и други решенија и ќе се направи компарација зошто решението со соодветниот шаблон е подобро. Јазикот на кој ќе се комуницра е UML.
