29/03/2013

Почитувани,
ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на прославата на вториот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Овогодинешната прослава ќе се одржи во Кино Милениум на 30 март со почеток во 10 часот. На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од оваа година, како и ќе бидат доделени награди на најдобрите студенти. Списокот на наградени студенти можете да го видите на овој линк[PDF], а списокот на дипломирани и магистрирани студенти можете да го погледнете на овој линк[PDF]. Се молат сите кои што ќе присуствуваат на свеченост да дојдат во Кино Милениум пред 10 часот.
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје
