Компанијата Ре-актив објавува отворен конкурс за практиканти, при што ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение, а претставници од компанијата ќе одржат јавна презентација за компанијата и програмата за пракса на ФИНКИ во понеделик, 19.03.2012 година, во просторијата 117 на ТМФ, со почеток во 20:00 часот.
 

Ре-актив е софтверска компанија чиј главен фокус е развој на е-услуги за јавни регистри. Доменот на работење на компанијата е анализа на бизнис процеси и моделирање, како и развој на софтверски решенија. Ре-актив ќе вклучи практиканти во својот тим, кои што ќе бидат дел од проект за развој на ИТ кадри. Во период од 4 месеци ќе поминат соодветна обука, а потоа 3 месеци како практиканти ќе бидат дел од Ре-актив тимот.
 

На предавањето во понеделник ќе бидат опфатени темите:

  • Претставување на компанијата и проектите коишто ги изработува.
  • Технолошка перспектива на Ре-актив.
  • Можност за запознавање со дел од тимот на Ре-актив и нивното досегашно искуство.
  • Објаснување на процедурата за аплицирање за практикантство.