16/09/2012

Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува во понеделник, 17.09.2012 година. Распоредот на часови е објавен до делот „Студии - Додипломски студии - Распоред“.
Напомена: Распоредот е во првична верзија и можни се промени во претстојните две седмици. Затоа редовно проверувајте за нова верзија. Дефиниран е распоред на часови само за задолжителните предмети, а во текот на наредната недела распоредот ќе биде комплетиран со изборните предмети.
Распоредот на часови важи од 18.09.2012 година (вторник), во понеделник во Кино Милениум ќе се одржи првиот академски час на ФИНКИ за учебната 2012/2013 година. Присуството на првиот академски час за сите бруцоши е задолжително.
