Вчера во 15:00 часот заврши пријавувањето за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Во двата пријавни дена документи за упис поднесоа вкупно 587 кандидати, кои имаа можност да одбираат помеѓу осум студиски програми од додипломските студии.
 
Во очекување на прелиминарните резултати кои ќе се објавуваат според предвидениот временски распоред, Факултетот им посакува голем успех на сите пријавени кандидати.