На 08.02.2013 година со почеток во 13 часот на шест различни локации низ Македонија беше презентирана on-line енциклопедијата Википедија и останатите проекти на Викимедија Фондацијата. Презентацијата беше дел од првиот круг на презентации од планираната серија на презентации, предавања и работилници за Википедија кои се планираат да се одржат ширум Македонија за најразлични целни групи на слушатели. Презентацијата на 8 февруари беше проследена од околу 130 претставници од наставниот кадар на повеќе средни училишта во Македонија и се одвиваше на шест локации од Македонија: ФИНКИ, ПМФ, Техничкиот факултет во Битола, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.
 
На презентацијата се говореше за вики-технологијата, што е вики-технологија, каде и како се употребува, што е Викимедија фондацијата и нејзини ограноци, Викимедија Македонија како дел од Викимедија фондацијата, развој на македонската Википедија и начини и техники на пишување на статии.
 
Презентер на настанот беше Димче Грозданоски, вработен во Министерството за образование и наука, претседател на Викимедија Македонија, активен уредувач на Викимедија проектите меѓу кои и Википедија на македонски јазик, администратор на Википедија на македонски јазик.
 
Настанот беше организиран од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, Министерството за образование и наука и Викимедија Македонија. За реализација на настанот се користеше современа конференциска видео опрема. 
 
Подолу можете да видите фотографии од презентацијата. 
 
 /> </div>
<div> </div>
<div><img src=