Компанијата ИНет го објавува првиот термин за RedHat обуките за 2012 година. Како RedHat Certified Training Partner, ИНет веќе шеста година по ред нуди можност заинтересираните кандидати да го збогатат своето Linux познавање, но истовремено и да го сертифицираат со светски признати сертификати, кои со сигурност ќе им ги отворат вратите за понатамошната кариера.
 
Со цел приближување на Open Source идеологијата, како иден потенцијален ИТ кадар, ИНет ДОО на сите студенти на ФИНКИ им овозможува попуст од 50%.
 

За подетални информации, можете да ја посетите оваа веб страница, каде што може да направите проверка на вашето познавање на Linux системите со помош на Pre-Assessment тестот.