За идните студенти на ФИНКИ се организира подготвителна настава од оние делови од средношколската математика и информатика за која студентите на ФИНКИ имаат потреба. Целта е да им се помогне на идните студенти да можат полесно да ги совладаат курсевите на ФИНКИ од математиката и информатиката, кои традиционално потешко се полагаат. Наставата во обем од 40 часа математика и 20 часа информатика ќе се одржи во деновите 27 - 30 август и 1 - 6 септември, по 4 + 2 часа дневно. Наставата ќе се одвива во групи од по 25-30 слушатели. Цената на подготвителната настава е 100 денари по час, односно 4000 денари за матемaтика и 2000 за информатика (што се уплаќа на сметката на ФИНКИ пред почетокот на наставата).

Собирно место за почеток на наставата е пред деканатот на ФИНКИ, на 27 август во 9:45 за курсот по математика, односно во 14:00 за курсот по информатика .

Заинтересираните кандидати за курсот по математика да се пријават кај проф. д-р Смиле Марковски на мејл адреса smile.markovski@finki.ukim.mk, а за курсот по информатика кај м-р Катарина Тројачанец на мејл адресата katarina.trojacanec@finki.ukim.mk
 
Приходна шифра: 723019 - Други образовни такси 
 
 /> </div>
</body></html>