27/02/2012

Денес, 25 февруари 2012, во присуство на Премиерот на Република Македонија, Министерот за образование и наука, Ректорот на УКИМ и бројни наставници од факултетот и странство, свечено беа отворени лабораториите за софтверско инженерство и тестирање и за еко-информатика. Овие две лаборатории се донација на Министерството за образование и наука во рамките на Проектот на Владата на Република Македонија за опремување лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност.

