Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на 16.04.2011 го одржа првиот Отворен ден на Факултетот. Отворениот ден се одржа во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус и зградата на Технолошкиот факултет. Целта на Отворениот ден беше матурантите и останатите посетители подетално да бидат запознаени со можностите за студирање и новите студиски програми, да добијат повеќе информациите за уписите, наставниот кадар и просториите каде ќе се одржуваат предавањата и вежбите на Факултетот.
 
Заинтересираните посетители имаа можност директно да контактираат со професорите и асистентите на ФИНКИ и да добијат одговори и упатства за нивните интереси и она што треба да го очекуваат од студирањето на ФИНКИ. Исто така, беше организирано и излагање на дел од компаниите-пријатели на Факултетот, каде студентите како дел од својот образовен систем би изведувале проектни задачи и пракси. Свој почесен говор одржа и в.д. Деканот на Факултетот, проф. др. Димитар Трајанов, кој ги истакна бенефициите од студирањето на ФИНКИ кој ќе претставува еден од најдобрите информатички факултети на Балканот и чиј углед ќе го градат веќе докажани професори и асистенти од своите области од Институтот за информатика при ПМФ и Институтот за компјутерска техника и информатика при ФЕИТ.
 
Факултетот ќе организира уште еден Отворен ден за идните студенти, кој ќе се одржи на 28.04.2011, во просториите на ФИНКИ.
 
Галеријата со фотографии од настанот можете да погледнете на официјалниот Facebook профил на ФИНКИ. Дел од фотографиите се дадени во продолжение.
 
 /></td>
</tr>
<tr>
<td><img style=