Компанијата Нетсетера ги поканува заинтересираните студенти од ФИНКИ да учествуваат во нивната овогодишна програма за пракси, во рамките на кои се достапни 8 позиции за пракса. Во рамките на двомесечната пракса, студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии, на реални проекти кои се во тек во компанијата.

Праксата подразбира полно работно време, од 09:00 – 17:00 часот, 40 часа неделно. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 4.000 денари.

Кандидатите за пракса треба да имаат останато уште само 1 година од студиите, да имаат желба да учат нови работи и да имаат некакви почетни знаења.
 
Заинтересираните кандидати можат да го постават своето CV во онлајн системот за вработување во Нетсетера, или да го испратат истото преку email на internship@netcetera.com.mk.
 
Рокот за пријавување е 31.05.2011 година.