Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во соработка со КЕРНЕЛ Македонија и Fortinet формираа лабараторија со која на студентите им се нуди можност за практична настава и запознавање со уредите на овој производител, како и решенијата и начините на кои може да се оствари заштита на компјутерските мрежни инфраструктури и електронските податоци. Лабораторијата беше отворена на 09.10.2012 година.
 
Fortinet, позициониран како еден од лидерите на пазарот согласно Gartner`s 2012 Magic Quadrant Report за Unified Threat Management, е специјализиран за производство на уреди кои овозможуваат зголемена заштита на електронските комуникации, како на телекомуникациските мрежни инфраструктури така и на електронските податоци и апликации. Портфолиото на Fortinet уреди вклучува Unified Threat Management уреди за заштита на локалните мрежни инфраструктури, уреди за заштита на e-mail серверите (mail antispam уреди), уреди за заштита на web апликациите и базите на податоци, уреди за лог менаџмент и централизирано менаџирање на инфраструктурата.
 
Во лабараторијата на студентите ставени им се на располагање уреди со кои тие ќе може да извршуваат тестирања и конфигурирање на истите во демо околина под надзор на стручен кадар од факултетот како и инжинери од Кернел Македонија сертифицирани од страна на производителот за оддржување на обуки. Оваа лабараторија ќе им овозможи на студентите заинтересирани за изучување мрежни технологии и компјутерска сигурност да се стекнат со практични знаења со цел да се оформи нивното знаење и да се подготват за полесна интеграција за работа во компаниите по нивното дипломирање.
 
Во лабораторијата ќе бидат држени и обуки од страна на Кернел Македонија, обуки кои се одобрени од Fortinet.
 
 /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
</body></html>