02/03/2013

НЛБ Тутунска банка објавува отворен конкурс за работна позиција и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за работната позиција можете да добиете во текстот што следува.
NLB Тутунска банка има отворено 1 позиција за пополнување на работно место „развоен проектант во ИТ“ и ги повикува студентите на ФИНКИ да конкурираат. Заинтересираните кандидати кои се пред дипломска или при крај на студиите, дипломирани или на магистерски студии своето CV можат да го испратат на одговорниот од човечки ресурси b.malenkov@tb.com.mk со Subject: FINKI. Во прилог е и описот на работното место, но покрај техничките вештини, се очекува и основни „софт“ вештини за комуникација и односи со интерни деловни корисници.
Работното место ги има следниве карактеристики:
ОПИС НА РАБОТАТА:
- развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија
- воведување на нови алати за релациски бази на податоци при развојот на апликациите
- менторство, советување и поддршка на корисничките старатели и корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи
- тестирање на програмските решенија и процена на резултатите од тестирање
- учествува во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија
- соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија
- менторство и пренос на знаења
- учество во проектни групи
БАРАЊА НА РАБОТАТА:
- ОБРАЗОВАНИЕ: VII степен од информатичка или друга насока
- ЗНАЕЊА:
- владеење на оперативниот систем
- современи и класични алати за поддршка на развојот на програмската опрема
- системи за управување со базите на податоци
- разбирање на технологијата/процесите - контактирање со корисници
- интерни развојни методологии и стандарди за квалитет
- водење на проекти
- активно познавање на странски јазик
- СПОСОБНОСТИ:
- целосно и правилно согледување на проблемот
- критичко и аналитичко мислење
- усно и писмено изразување
- способност за тимска работа
- самоиницијативност
- способност за одлучување
За било какви информации во врска со работната позиција контактирајте со одговорните лица во компанијата.
