08/11/2012

Компанијата Инсајд ДООЕЛ објавува отворен оглас за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за огласот можете да најдете во текстот што следува.
Инсајд ДООЕЛ е приватна ИТ компанија која што ќе почне со работа во јануари 2013. Преку блиска соработка со швајцарската компанија Inside Solutions AG, ќе им понуди на нивните клиенти иновативни веб и мобилни решенија. Тоа е динамична компанија, со седиште во Швајцарија, која што постојано ги зајакнува своите позиции на пазарот.
Компанијата има потреба од вработени кои што сакаат да работат со најновите технологии за развој на веб и мобилни апликации. Искористете ја можноста да работите на интересни проекти. Научете ги најнапредните технологии, стекнете искуство работејќи во професионална средина, со агилни тимови. Компанијата посветува огромно внимание на градење тимски дух и пријатна работна атмосфера.
Очекувања од кандидатите:
- Завршени додипломски студии по информатика
- Најмалку три години работно искуство
- Знаење и искуство во Java или Groovy
- Добро познавање на веб технологии (HTML5, CSS, JSP)
- Знаење и искуство во JavaScript и JQuery
- Желба за тимска работа, со агилни методи (Scrum)
- Добро познавање на англискиот јазик
Предност имаат кандидатите со познавање на:
- Spring Framework
- Grails Framework
Компанијата нуди:
- Интересни проекти
- Потенцијал за напредок во кариерата
- Тимови со млади и амбициозни личности
- Одлични работни услови
За повеќе детали околу работната позиција контактирајте со Драган Захариев на dragan.zahariev@inside-solutions.ch

