30/05/2014

NTH Media Macedonia објавува отворен конкурс за работна пракса со можност за вработување и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Целосниот оглас е даден во продолжение.
Кои сме ние?
- Дел од NTH Group Швајцарија
- Лидер во развој на решенија и услуги за мобилно плаќање: Premium SMS, Direct operator billing, Bulk SMS, IVR
- Остваруваме соработка со повеќе од 800 оператори во светот во над 70 земји
- Компанија со богато искуство во развој на уникатни премиум мобилни апликации и решенија за интернационални клиенти - големи компании THE SWISS DIGITAL
- Најголемиот регионален девелопмент центар со повеќе од 90 млади специјалисти SAMURAI DIGITAL
- Поседуваме и управуваме со единствената платформа за мобилно огласување во Југоисточна Европа CLICK ATTACK
- Вработуваме над 200 креативни луѓе и специјалисти во динамичниот пазар на мобилна технологија.
Што нудиме за младите студенти од ФИНКИ како тебе?
- Директна комуникација со искусни колеги девелопери од Македонија и странство: iOS, Android и Java експерти, проектни и оперативни менаџери
- Learning-by-doing околина за професионално надградување во која брзо ќе напредуваш
- Можност за работа на интернационални проекти.
Краен рок за пријавување е 15.06.2014 година.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на rabota@nth.ch и назначат дека се пријавуваат за студентска пракса.
