
Министерството за труд и социјална политика во соработка со ФИНКИ објавува јавен повик за практиканти – студенти на ФИНКИ од сите наставни години за периодот 01.07.2014 -31.08.2014.
Практичната работа студентите ке ја реализираат во установите за детска заштита (ЈОУДГ- Јавни Општински Установи Детски Градинки) и установите за социјална заштита (ЈУМЦСР) дисперзирани во градот Скопје и низ територијата на РМ, според местото на живеење на студентот.
Имајќи ги во предвид видот, обемот и тежината на работните активности, на повикот може да се пријават сите заинтересирани студенти независно од студиската година.
Заинтересираните студенти, може да се пријават најдоцна до 27.06.2014 година на следната е-маил адреса: VDakic@mtsp.gov.mk.
Министерството за труд и социјална политика по направениот распоред на пријавените студенти-практиканти, ќе ги контактира студентите за реализацијата на практичната работа.
Целосниот конкурс можете да го најдете на овој линк[PDF].
