Компанијата MiniMaxiApps објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

MiniMaxiApps е македонско-англиска фирма која се занимава со производство на веб и мобилен софтвер за такси компании.

MiniMaxiApps има потреба од практиканти, со следните познавања: познавање на PHP&MySQL, HTML, CSS и JavaScript, Photoshop и активно користење на англискиот јазик.

Кандидатите треба да бидат исполнителни, одговорни и лесно да совладуваат нови содржини.

Заинтересираните кандидати може да ги испратат своите CV-а заедно со мотивационо писмо на contact@smartservicesltd.com.