05/05/2012

Kомпанијата МДС СОФТ објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
Фирмата МДС СОФТ која опстојува на македонскиот пазар веќе 13 години, нуди можност за извршување на пракса за студенти на проект.
Студентите ќе имаат можност да се запознаат со многу аспекти на програмирањето како теоретски, така и со практична примена на стекнатите знаења.
Проектот ќе се работи во програмските јазици VB.NET и C# .NET и поради тоа пожелно е кандидатите да имаат:
- желба да ги совладаат соодветните јазици
- да работат во тимска околина
- да имаат афинитет кон предизвици и стекнување на нови знаења
Сите заинтересирани кои имаат некое дополнително прашање или сакаат да аплицираат, треба да пратат кратка биографија (CV) на следниот е-маил: vlatkost@mdssoft.com.mk