Компанијата Johnson Controls објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат напредно познавање на Excel, изработка на макроа во Excel и искуство во програмирање со Visual Basic. Практикантот ќе работи во Одделот за човечки ресурси во изработка на база на податоци и апликација за истата која ќе менаџира со обуките во фабриката.

Времетраењето на праксата е најмалку еден месец, во зависност од големината на задачите и темпото на извршување. Праксата е платена, а работното време е 8 часа. За практикантите ќе бидат обезбедени храна и превоз до работното место.

Заинтересираните кандидати потребно е да аплицираат на

најдоцна до 09.12.2013 година.