
Kомпанијата Космик Девелопмент објавува отворен конкурс за прием на студенти за PHP програмерски пракси и ги поканува сите заинтересирани кандидати кои одговараат на бараните квалификации да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
Компанијата Космик Девелопмент е компанија која што ги нуди сите можни услуги поврзани со информатичка технологија, услуги чиј опсег вклучува повеќе нивоа и технологии (како: развој и дизајн на веб-страници, десктоп и мобилни апликации, оптимизација за интернет пребарувачи итн.). Космик Девелопмент е постојано во чекор со најновите иновации, во непрекинат обид да испорача услуги според најновите трендови, а при тоа обезбедувајќи ги клиентите со високо-квалитетни и лесно-надградливи интернет производи. Компанијата е основана во Март 2011, а просториите се лоцирани во новиот бизнис центар Синерџи во Скопје, Р. Македонија.
- да следеле или тековно да се запишани на предметот 'Програмски практикум' (да се нагласи во CV) и/или да имаат одредени почетни познавања од PHP5, MySQL, JavaScript/AJAX; jQuery, XHTML, CSS
- да разбираат и да ги применуваат концептите на објектно ориентирано програмирање
- да покажуваат добри меѓучовечки вештини, флексибилност и приспособливост
- да покажуваат самоиницијативност
Документацијата (CV) да се испрати на internship@cosmicdevelopment.com, со назнака 'Cosmic Internship - PHP'.Првиот рок за пријавување е до 01.11.2013 година.
