
Kомпанијата Космик Девелопмент објавува отворен конкурс за прием на студенти за практиканти кои ќе работат на развој на Android и iOS мобилни апликации и ги поканува сите заинтересирани кандидати кои одговараат на бараните квалификации да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
Компанијата Космик Девелопмент е компанија која што ги нуди сите можни услуги поврзани со информатичка технологија, услуги чиј опсег вклучува повеќе нивоа и технологии (како: развој и дизајн на веб-страници, десктоп и мобилни апликации, оптимизација за интернет пребарувачи итн.). Космик Девелопмент е постојано во чекор со најновите иновации, во непрекинат обид да испорача услуги според најновите трендови, а при тоа обезбедувајќи ги клиентите со високо-квалитетни и лесно-надградливи интернет производи. Компанијата е основана во Март 2011, а просториите се лоцирани во новиот бизнис центар Синерџи во Скопје, Р. Македонија.
Одбраните кандидати, кои ќе покажат мотивација и успешно извршување на обврските во текот на праксата ќе добијат можност за вработување во Cosmic Development.
Сите студенти кои се гледаат себе си како талентирани и тимски играчи, и кои се подготвени да започнат со работа во која ќе уживаат, се наши потенцијални колеги.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат
- CV на англиски јазик
- Опис на апликација (проект/семинарска/дипломска) што ја имаат изработено и
- Препорака од професорот со кој имаат соработувано на соодветната апликација.
Документацијата да се испрати на internship@cosmicdevelopment.com, со назнака за 'Cosmic Internship - [Android / iOS]'.
Рок за пријавување е до 27 јуни 2014.
