Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, објавува јавен повик за практиканти кои сакаат да стекнат нови компјутерски вештини за објавување содржини за веб и со тоа да придонесат за збогатување на информациите за својот град на интернет.
 
Заинтересираните практиканти може да бидат студенти на факултети од следните области: новинарство, политички науки, туризам, етнологија, географија, филологија, археологија, историја, технички науки и други сродни науки.
 
Практикантите ќе добијат обука за уредување содржини објавени на вики-платформата wiki.mk, како и бесплатен примерок од прирачникот за објавување на вики-сајтови.
 
Напредните корисници ќе имаат можност да се вклучат во специјалната група администратори на веб-порталите на градовите.
 
За повеќе информации, погледнете го повикот за пракси на официјалната веб страна на Метаморфозис.