05/10/2012

Компанијата Dyna SDC LLC објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за огласот можете да добиете во текстот што следува.
Компанијата Dyna SDC LLC со претставништво во Скопје и италијански менаџмент бара студенти за практична работа.
Компанијата Dyna постои од октомври 2010 и соработува со интернационални компании од Италија, САД, Кина, Сингапур и Турција. Компанијата се занимава со изработка на SAP апликации.
Компанијата бара кандидати со следниве квалификации:
- Кандидатот треба да е одличен JAVA/C++ програмер
- Да има одлично познавање на MySQL
- Одлично познавање на англискиот јазик
Предност ќе се смета познавање на италијанскиот јазик.
По завршување на праксата, практикантите имаат можност да се вработат на неопределено време.
Вашите кратки биографии може да ги испратите на g.mele@dynabrains.com.
