26/05/2012

Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ повторно објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите од трета и четврта година година на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
ИНТЕР ДАНГОВ е компанија која се занимава со развој на веб апликации како и апликации за менаџирање на содржини на повеќе интернет страници, како на пример yupedia.com која претставува информативен портал од илјадници статии напишани на англиски јазик. Во развој е нов проект за македонски пазар, кој што е во почетна и концептуална фаза. Компанијата има потреба од студент кој што има познавање од PHP програмирање и MySQL бази.
Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:
- Обука за заработување преку интернет со помош на текстуално рекламирање
- Практично знаење за тоа како функционира една online компанија која што целосно функционира на интернет
- Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
- Препораки за вработување
ИНТЕР ДАНГОВ се наоѓа во ДТЦ Мавровка. Практичната настава ќе се одвива од 09:00 до 15:00 но ќе постои големи ниво на флексибилност во поглед на времето, со тоа што ќе има секогаш разбирање кога студентот ќе има обврски од факултетот.
Сите заинтересирани кандидати може да пратат CV на sorovince@gmail.com. На истата email адреса можете да поставувате прашања во врска со секој аспект од практичната настава.
Огласот трае 30 дена од објавувањето.