
Компанијата iBorn објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Компанијата има потреба од студенти кои имаат добро познавање од англискиот јазик и основни познавања од програмирање и бази на податоци.
iborn.net има потреба од двајца кандидати кои ќе работат во нивниот тим од од 1 јули до 15 септември, со соодветен месечен надомест. Во текот на праксата треба да се извршуваат тековни работни задачи или помали интерни проекти во зависност од афинитетите на кандидатите и нивните способности.
Пракасата ќе им овозможи на студентите запознавање со искуството за работа во млад и динамичен софтверски тим, со примена на стандарди на квалитет на софтвер за европскиот пазар.
Компанијата iborn.net на еден од проектите работи во областа на здравственото осигурување употребувајќи ги најновите софтврски алатки, програмски јазици и технологии за нивните клиенти во Данска.
За подетални информации можете да контактирате на info@iborn.net, www.iborn.net, и на телефонскиот број 071 234 233.
