На 3 фебруари 2014 започнува виртуелната IBM недела на претприемништво на која учество ќе земаат претприемачи, експерти од индустријата и стартапи. ФИНКИ како Academic initiative member им овозможи бесплатно учество на студентите на ФИНКИ за текот на целиот настан. Учесниците на овој виртуелен настан ќе имаат можност да разговараат со извршни директори, претприемачи, претставници на стартапи, да учествуваат на работилници и бројни корисни предавања. 
 
Дел од темите кои ќе се покријат во оваа недела на претприемништво се „Развој на бизнис во свет на социјални мрежи“, „Жени претприемачи“, „Академско усовршување“, а дел од говорниците се претставници на светски водечки компании за претприемништво. 
 
Сите заинтересирани може да се регистрираат на овој линк, а комплетната агенда за настанот може да се погледне на овој линк