26/12/2013

“Сосема случајно, така вообичаено започнуваат големите работи. Случајно го видовме објавениот конкурс за EBEC 2013, случајно се пријавивме и (не) случајно победивме.И не погрешивме, бидејќи несомнено EBEC го разбуди натпреварувачкиот дух во нас и ни даде можност за докажување.'
Ова се само дел од зборовите на победниците на EBEC во категоријата Case Study - Филип Божиновски, Сашо Јадровски, Кристина Блажевска и Никола Анѓелковиќ, кои непосредно по завршувањето на натпреварот беа поканети на разговор и официјални честитки од страна на деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов.
Овој тим ја има честа да продолжи да се натпреварува на регионалното ниво во Ниш, каде доколку се покажат одлично продолжуваат на финалето во Рига, Латвија. ФИНКИ и БЕСТ Скопје им ја пружаат целосната поддршка и им посакуваат среќа на овие студенти за идните натпреварувања.