29/03/2013

ФИНКИ повторно се докажаа со својата креативност. Факултетот објави едно ново табло, различно од конвенционалното кое што досега го користеа останатите образовни институции за промоција на нивните дипломирани студенти. ФИНКИ креираше интерактивно онлајн табло, каде што се прикажани сите дипломирани студенти на Факултетот, a со кликнување на фотографијата на студентот може да се видат деталите за дипломскиот труд. Факултетот уште еднаш Ве поканува на прославата на вториот роденден на ФИНКИ, на кој ќе се доделуваат дипломите на дипломираните и магистрираните студенти, како и промовирање на најдобрите студенти од минатата година. Овој настан ќе се одржи во сабота, 30 март, во Кино Милениум. Подетални информации можете да добиете на овој линк.
