16/08/2012

Почитувани матуранти и идни студенти на ФИНКИ, објавен е календарот на активности за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Уписите ќе се одвиваат во период од 16-17.08.2012 година. Прием на документите за упис ќе се врши од 09:00 до 14:30 часот. Информации за потребни документи за упис можете да најдете во делот Потребни документи, или на системот за електронски упис на УКИМ, во делот Поднесување.
Напомена: Податоците од интерниот пријавен лист мора да бидат генерирани од системот за електронски уписи и истиот мора да биде испечатен и потпишан од кандидатот. Генерираните уплатница и универзитетски пријавен лист се нудат за илустрациски потреби, како упатство како да се пополнат истите. Самиот лист мора да се пополни рачно откако ќе се купи во скриптарите на универзитетот или во продавницата Студентски збор. Истото се однесува и за уплатницата.
Прием на документи ќе се врши во кабинетот 117. На сликата подолу прикажана е мапа на влезовите во зградата каде што ќе се вршат уписите. Сликата во поголема резолуција можете да ја најдете на овој линк[PNG].
Временски распоред на активностите за првиот уписен рок на ФИНКИ 2012/2013
| Термин | Час | Активност |
|---|---|---|
| 16 - 17.VIII 2012 (четврток и петок) | 09:00-14:30 часот | Пријавување на кандидати за првиот уписен рок |
| 21.VIII 2012 (вторник) | до 14:00 часот | Објавување резултати од успехот од средно образование |
| 22.VIII 2012 (среда) | до 14:00 часот | Рок за приговори до Конкурсната комисија (приговорите се однесуваат само на технички пропусти) |
| 23.VIII 2012 (четврток) | до 14:00 часот | Одговор на приговорите и објавување на прелиминарна ранг листа |
| 24.VIII 2012 (петок) | до 14:00 часот | Рок за приговори до Управата на Факултетот (приговорите се однесуваат само на технички пропусти) |
| 27.VIII 2012 (понеделник) | до 14:00 часот | Објавување решение за прием на кандидатите |
| 30 и 31.VIII 2012 (четврток и петок) | 09:00-14:30 часот | Запишување на кандидатите |

