
Отворено е аплицирањето за мобилности во рамките на EUROWEB проектот, од кој што дел се и УКИМ и ФИНКИ, заедно со уште 16 универзитети од ЕУ и Балканот.
Целта на EUROWEB (EUropean Research and educatiOn collaboration with WEstern Balkans) проектот е да им се обезбеди на студентите усовршување во научни и технолошки области, врз база и на теоретски основи и практично искуство со меѓународна перспектива, како и нивна подготовка за учество во градењето и управувањето со комплексни и големи системи и инфраструктури. Проектот ќе има посебен фокус на системско и софтверско инженерство, информациски системи, информатички науки и компјутерско инженерство. Проектот е финансиран од Erasmus Mundus Action 2 програмата и ги покрива сите трошоци за престој на нашите студенти на ЕУ универзитетите.
Аплицирањето за четвртиот циклус на мобилности е продолжен и трае до 25.04.2014 година.
Заинтересираните можат да аплицираат преку официјалната веб страна на проектот, каде можат да добијат и повеќе информации за аплицирањето и процесот на селекција.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно пишете ни на euroweb@finki.ukim.mk.
