Со цел да се подобри образованието на студентите, ФИНКИ објавува дека е склучен договор со Emerald, светска електронска библиотека на публикации, книги и трудови од сите научни области. Студентите на ФИНКИ имаат можност да ги користат ресурсите на оваа библиотека и да ги користат за истражувачки цели, едукација и подобрување на нивното образование.
Emerald претставува онлајн ризница на акредитирани публикации, статии и книги од реномирани светски познати автори. Emerald исто така за студентите организира натпревари каде што студентите објавуваат нивни трудови и статии и најдобрите ќе имаат шанса да добијат парична награда или финансиска поддршка да ги доработат трудовите и да ги публикуваат. Тоа е одлична шанса трудовите на студентите да бидат објавени на веб страната на Emerald и да бидат видени од читатели од целиот свет.
Линкови од некои публикации:
Во линковите подолу можете да најдете листа на сите статии кои што се достапни за студентите.