20/03/2012

Во период од 19 - 22 април 2012 година, во хотел Молика, Битола, ќе се одржи 9-тата Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2012, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во работата на Конференцијата ќе учествуваат околу 80 научни работници од земјава и од странство.
Повеќе информации за Конференцијата може да најдете на следниов линк или преку контакт на e-mail адресата ciit@finki.ukim.mk.
Во рамки на Конференцијата ќе се одржи специјална студентска сесија на која ќе бидат презентирани најдобрите студентски проекти кои ќе бидат одбрани од комисијата за студентски проекти.
По тој повод ФИНКИ ги поканува своите студенти да се пријават за учество на Конференцијата. Пријавите треба да се достават до доц. д-р Весна Димитрова нa e-mail адресата vesna.dimitrova@finki.ukim.mk најдоцна до 01.04.2012.
Пријавата треба да содржи:
- Subject: Proekt CIIT 2012
- Body: име на проектот и учесници
- Attachment: пополнета пријава која е дадена во прилог.
Доколку се пријават погoлем број проекти, комисијата го задржува правото пред објавување на конечната листа на одбрани студентски проекти да повика претставници од проектите истите да ги презентираат пред комисијата.
На 06.04.2012 ќе биде објавена конечната листа со имињата на проектите кои ќе учествуваат на CIIT 2012.
ФИНКИ обезбедува превоз и сместување за по еден претставник од секој студентски проект одбран за презентација на специјалната студентска сесија на CIIT 2012.
Крајниот рок за достава на трудови за конференцијата е 27.03.2012.