Со Саемот на компании, кој ќе се одржи на 27.03.2013 година на Економскиот факултет во Скопје, ќе започнат овогодишните „Денови на кариера“. Станува збор за централен настан во областа на развојот на кариера во Македонија, со 16-годишна традиција.
 
Составен е од два дела - Саем на компании и Едукативен семинар, а од оваа година семинарот ќе се одржува на три локации, со цел да бидат опфатени што повеќе теми и области за кои студентите се заинтересирани.
 
Локации на кои ќе се одржи настанот се:
  • Економски Факултет – 27, 29, 30 и 31 март
  • ФИНКИ – 28, 30 и 31 март
  • Фармацевтски Факултет – 05 април 
Сите заинтересирани може да аплицираат за учество на www.0.mk/zakacigotvoetocv, а подетални информации за настанот можете да најдете на веб страната или на Facebook фан страната.
 
 
 /> </div>
<div> </div>
</body></html>