БЕСТ Скопје ве поканува да присуствувате на последниот состанок за нови членови, за оваа учебна година. На истиот накратко ќе се објаснат визијата и мисијата на оваа студентска организација, претстојниот настан (Летен академски курс во соработка со ФИНКИ) и секако можностите и опциите кои ги нуди БЕСТ за студентите. Состанокот ќе се одржи во Амфитеатарот на ФЕИТ/МФС на 17 мај 2013 година со почеток во 21.00 часот а по негово завршување ќе следува и журка во дворот на барака 5.

Најновите информации поврзани со состанокот може да ги најдете на овој линк, а за било какви прашања обратете се на skopje@best.org.mk.