Во вторник, 20.11.2012, со почеток во 11:00 часот, во новата SMART лабораторија за интерактивно учење и соработка на ФИНКИ, беше промовирана мобилната апликација за намалување на ризици од катастрофи и кризи, изработена од ФИНКИ и УНДП, а во соработка со центарот за управување на кризи. Апликацијата е во насока на отворање на јавните владини податоци и нивно искористување за бенефитот на граѓаните. На промоцијата присуствуваше Деканот на ФИНКИ, вон. проф. д-р Димитар Трајанов, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и претставници од УНДП и ЦУК.

Мобилната апликацијата за намалување на ризици од катастрофи и кризи ги искористува новите технологии со цел да ја донесе навремено важната информација до граѓаните.

Апликацијата е составена од два модули: серверски дел, каде одговорниот од ЦУК ќе може да ги внесува кризните настани, да генерира извештаи и слично и вториот дел е самата апликација за која што постојат три верзии (Андроид, iPhone и Windows) и сите се на 3 јазици (англиски, македонски и албански јазик). Некои од функционалностите што ги нуди апликацијата се: приказ на настаните на мапа и на листа, детали за секој настан поединечно, негов приказ на на мапа и негова објава на социјалните мрежи.

Дополнително, има можност за нагодување на радиусот за приказ и известување, избор на настани кои би можеле да бидат од интерес на корисникот, период и јазик на нивен приказ, поставување на тековна GPS локација или некоја друга локација како и колку често да бидат ажурирани настаните. Апликацијата нуди препораки за помош при кризни настани и побитни телефонски броеви.

Апликацијата е моментално достапна за Андроид платформата, но наскоро ќе биде достапна и за iOS и Windows Phone.
 
 
 />   <img src= 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 />  <img src= 
 
 /> </div>
<div style= /></div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div> </div>
</body></html>