Поттикнати од новите трендови за да им излезе во пресрет на студентите при градењето на нивните кариери, EESTEC LC Skopje  организира серија бесплатни обуки за сите студенти од Македонија. Soft Skills Academy Skopje се организирана по втор пат и ќе се одржи на 28 и 29 април и 5 и 6 мај на Техничкиот кампус при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Идејата е да се обезбеди моќен додаток во образованието на студентите, со што се придонесува до еден неконвенционален начин кон нивно усовршување. 

Познавањето на меките вештини овозможува полесно комуницирање, подобро организирање на времето, како и подобрувањето на комуникациските и  презентациските способности. Користењето на овие алатки го одвојуваат и истакнуваат поединецот од конкуренцијата при вработување и самопретставување во нови работни околини.  

На секоја од обуките учество ќе земат по 25 студенти, вкупно 100 студенти на целата академија.  Истите ќе следат обуки на следните теми: комуникација, динамика на тим, влијание во решенија и лидерство. Обукуте ќе бидат држени од страна на сертфицирани EESTEC тренери, HR претставници од фирми и други експерти од полето на soft skills.

 

Soft Skills Academy нуди многу придобивки за учесниците:

• Способност да комуницираат ефективно со соработници, работодавачи, клиенти, пријатели и членови на семејството

 • Подобрување при управувањето со времето, организациски вештини и поставување цели

 • Развој на лидерски вештини за подобрување на тимската работа, креативност, ефикасност и продуктивност

 • Ефективни стратегии за транзиција и промени

• Brainstorming и стратегии за решавање на проблеми за зголемување на креативноста и колаборативните резултати

• На крајот на семинарот секој учесник добива сертификат потпишан од организаторите, кои ќе можат да ги вклучат во своите биографии.

 

Кога и каде?

28ми и 29ти Април, 05ти и 06ти Мај на Техничкиот кампус при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Пријавување:

Пријавувањето е бесплатно за сите студенти од УКИМ

Аплицирајте на следниот линк   

Повеќе информации може да најдете на фан страната или на е-маил: skopje.lc@gmail.com

 

1