Со длабока тага ја известуваме јавноста дека на 12.12.2020 година, почина

д-р Драган Михајлов

редовен професор во пензија на ФИНКИ во Скопје.

Со неговата смрт нашиот факултет, студентите и вработените загубија вреден и ценет професор и педагог од кого научивме многу и можевме уште многу да научиме.

Тој беше еден од основоположниците и доајените на Информатиката во нашата земја, еден од основачите на ФИНКИ, но пред се голем човек и ментор како за науката, така и за животот.

Од  вработените и студентите на ФИНКИ.