Почитувани студенти

оваа година по 16. пат се организиран најголемиот online програмерски натпревар IEEE Xtreme (https://ieeextreme.org). Минатата година учествуваа 5570 тимови од 62 земји во светот, со вкупно 12946 натпреварувачи. Право на учество на натпреварто имаат тимови од максимум 3 студенти, а услов за учество е студентите да бидат членови на IEEE. Натпреварот ќе се одржи на 22.10.2022 и трае 24 часа. Во тој период постојано се задаваат нови проблеми кои студентите треба да ги решат и постават на системот за натпреварување. 

Рокот за регистрација на студентите и тимовите е 12.10.2022 година. Регистрацијата на студентите е на сајтот на натпреварот (https://ieeextreme.org), каде има и информации и линк за зачленување. Годишната членарина во IEEE за студентите од нашата земја е 14УСД, а се плаќа online со картичка при зачленување. 

Натпреварот има и првлечни награди. Првата награда е платено учество на IEEE конференција по избор на натпреварувачите каде било во светот, со покриени патни трошоци, регистрација и сместување. Втората награда е 400УСД, а третата 300УСД. Тимовите пласирани од 4. до 10. место добиваат подароци и софтверски пакети од спонзорите, а останатите тимови до 100. место, исто така добиваат подароци од спонзорите. 

Како поддршка за учество на овој натпревар, ФИНКИ и оваа година нуди можност за рефундирање на членарината на оние студентите кои активно ќе учествуваат на натпреварот и ќе освојат поени. Исто така, факултетот во соработка со партнерските фирми, ќе обезбеди и локација за непречено одвивање на натпреварот. 

За сите прашања за натпреварот пишете на anastas.mishev@finki.ukim.mk 

1