Македонски Телеком е дел од глобалниот телекомуникациски лидер, Deutsche Telekom. Ние како компанија имаме цел да им ги приближиме на своите корисници најновите светски достигнувања во областа на електронските комуникации.

Вие, студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство  сте идните  лидери во областа на телекомуникациите, затоа би сакале да се информираме  за вашите интереси, вештините кои ги поседувате и покрај професионалното и теоретско знаење,  да ви понудиме и практично работно искуство кое ќе ја зголеми можноста за вашето идно вработување.

Ќе ни биде чест да ве  поканиме на настанот Digital Talents што го организираме на 15.02.2018 година во 09:30 часот  во  Амфитеатарот  на  ФИНКИ .

Планирани се и низа забавни активности во вид на прашања и одговори, а за најуспешниот студент Македонски Телеком ќе додели мобилен телефон Huawei P10 Lite.

По завршување на настанот сите заинтересирани студенти треба да достават своја биографија на следнава мејл адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака “Digital Talents”.

 Ние ќе ги избереме студентите кои се најсоодветни за нашиот проект, преку кој ќе стекнете дополнителни практични искуства и ќе ги развиете своите професионални вештини. Се надеваме дека ќе ве заинтересираме и ве очекуваме.

0