Традиционално како и секоја година ФИНКИ го поддржува настанот DIGIT 2023 кој ќе се одржува во периодот од   06.03.2023 - 10.03.2023.

Подгответе се да го проширите вашето знаење и да ги развиете своите вештини со DIGIT(Design and Interactive Graphics in IT), едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето.

Темата на ова издание на DIGIT е развој на апликации со помош на Angular. Настанот ќе се одржи во периодот од 06.03.2023 - 10.03.2023, во канцелариите на компанијата MCA. Под менторство на врвни професионалци ќе имате можност своето знаење да го преточите во финален продукт, кој ќе го презентирате пред компаниите-учеснички на настанот. 

За оние кои успешно ќе ја завршат работилницата и ќе имаат 80% од посетеноста на настанот поднесено е барање за одобрување на 2 ЕКТС кредити и сертификат, а за членовите на најдобриот тим ќе следуваат дополнителни награди. 

Не ја пропуштајте оваа шанса да ги подигнете вашите способности за дизајн и програмирање на следното ниво. Регистрирајте се сега на DIGIT и придружете ни се!

Апликацијата ќе биде отворена до 25.02.2023 (23:59 часот), а потоа само избраните учесници ќе бидат исконтактирани.

Аплицирајте на следниов линк 

(https://forms.office.com/e/MErqyFn3cS)

1