Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство објавува соопштение дека на 31.10.2022 во 14:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот и преку електронскиот систем на Факултетот, ќе се одржи јавна одбрана на докторска дисертација „„Анализа на податоци кои ја збогатуваат интеракцијата човек-машина за корисници со аутизам“ поднесена од кандидатот м-р Бојан Илијоски, пријавена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје, ментор проф. д-р Жанета Попеска.