Почитувани студенти,

Во рамки на курсот Виртуелна реалност, се организира хакатон штој ќе служи и како испит за студентите кои се запишани на курсот. Сепак, хакатонот е отворен и за други студенти од ФИНКИ кои не се запишани на курсот, но, имаат интерес и познавања за развој на апликации во виртуелна реалност.

 

Датум на одржување: 28.06.2025 со почеток во 09:00 часот

 

Локација: ФИНКИ (просторијата ќе биде дополнително истакната)

Времетраење: 4 часа + презентација на изработените апликации

 

Цел на хакатонот

 

Развој на апликација за виртуелна реалност што симулира една виртуелна околина на некоја од наведените теми: 

  1. „Времеплов на науката“ - Корисникот минува низ клучни научни откритија (откривање на ДНК, првиот лет, итн.) – со интерактивни елементи.

  2. „Еволуција на знаењето“ - Корисникот патува низ симболично дизајниран музеј каде секоја просторија претставува научна парадигма.

  3. Апстрактни светови: визуелизација на емоции“ - Корисниците имаат можност да истражуваат апстрактни концепти како што се меморија, страв, тага, љубопитност итн. во ВР (на пример: светот на стравот, на љубопитноста, …). 

Точната тема ќе биде дадена за време на хакатонот.

 

Технички насоки

 

Целната платформа е мобилен уред со 3D Box, Oculus Quest (или друга во договор со наставниците). Се препорачува користење на Unity, Unreal Engine, Godot. 

Можат да се користат различни достапни ресурси, но мора да бидат наведени. 

 

За време на хакатонот може да носите сопствен компјутер и/или уред за виртуелна реалност или може да работите на компјутерите во лабораториите на ФИНКИ и да ги користите уредите со кои располагаме.

 

 

Тимовите треба да презентираат

 

  • кратко демо на апликацијата,

  • опис на функционалностите,

  • оригиналност на апликацијата,

  • технички пристап.

 

 

Правила за формирање тимови

 

  • Тимовите треба да се состојат од најмногу 4 члена, но може да работите и како поединец.

  • Сите членови на тимот треба да се студенти на ФИНКИ

  • Тимот може да биде составен:

    • само од студенти запишани на курсот Виртуелна реалност или

    • само од студенти на ФИНКИ кои не го посетуваат курсот.

  • Комбинирање на студенти од двете категории во еден тим НЕ е дозволено.

 

 

Регистрација

 

Секој тим треба да се пријави најдоцна до 24.06.2025 година до крајот на денот на овој линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfQD1Yj6dnMAnzjIeFTd8vn299zQ3OoGR3g1cybjTFPpxXPtg/viewform?usp=header.

 

Оценување

 

Апликациите ќе бидат оценувани според следниве критериуми:

  • иновативност,

  • корисничко искуство во VR,

  • техничка стабилност,

  • едукативна вредност,

  • комплетност на изработената апликација.

 

 

Важна препорака:
Се препорачува пред да се пријавите на анкетата да креирате минимална тест апликација во платформата со која планирате да ја развивате апликацијата и наменета за планираната целна платформа за да сте сигурни дека добро функционира и можете да ги користите за време на хакатонот.

 

 

Членовите на тимот на победничката апликација ќе добијат пригодна награда. 

 

Хакатонот е во организација на ФИНКИ, а ќе биде поддржан и од Асоцијацијата ИКТ-АКТ и ИЕЕЕ.

 

Ова е одлична можност да го демонстрирате стекнатото знаење, да соработувате во тим, и да се изразите креативно преку технологија на иднината.

 

 

Од одговорните на предметот Виртуелна реалност

 

Проф. д-р Сузана Лошковкска

Вон. проф. д-р Катарина Тројачанец Динева

 

1