
На свечениот настан организиран под покровителство на Министерството за јавна администрација, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ја доби третата награда за управување со квалитет во јавниот сектор – признание што го потврдува високиот степен на посветеност, ефикасност и транспарентност во работењето на нашиот факултет.
Ова признание доаѓа како резултат на континуираните напори за воведување европски стандарди, подобрување на процесите и ориентираност кон студентите и општеството.
„Овие институции не се само успешни приказни – тие се доказ дека реформите се можни и дека доброто управување носи доверба“, истакна Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, при доделувањето на наградите.
Признанието е доделено заедно со уште две водечки институции:
- Централниот регистар на Република Македонија (прва награда)
- Агенцијата за вработување на Република Македонија – АВРМ (втора награда)
ФИНКИ со оваа награда уште еднаш ја потврдува својата улога како лидер во образованието, иновациите и одговорното управување.