Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2017/18 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 17-ти и 18-ти август 2017 година (9:00 - 14.30 часот). Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 4-ти септември 2017 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 15-ти септември 2017 година.

На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. 

ukimslider_0.jpeg

Секој заинтересиран кандидат треба да се најави на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни комплетната пријава. Потоа на денот на уписите се доставуваат документите заедно со бројот од електронската апликација. 

Повеќе информации за уписите може да следите на Порталот за идни студенти на ФИНКИ и на сајтот на ФИНКИ во делот уписи на додипломски студии.

finki-upisi-2016-17-3.jpg

0