Студентите на ФИНКИ, Андреј Златевски, Мартин Трнковски, Филип Тркалески, Горан Јованоски и Владимир Танев со проектот Jet Set Mars од категоријата технологија се победници на NASA Space App Challenge 2016 кој се одржа од 22-24ти април во Скопје. Настанот се одржа во 162 држави, а оваа година во Скопје имаше 119 учесници чија цел беше за 48 часа да најдат софтверско и хардверско решение за предизвиците кои ги поставува НАСА.

Студентите Силвија Стојанова и Мате Саболиќ од ФИНКИ беа дел од тимот Space Monkey's Route 66 кој го освои второто место со проектот Space Root, а студентот Дарко Тодоровски од ФИНКИ беше дел од тимот Avis кој ја освои наградата  "People's Choice Award" со проектот Don't crash my drone.

13102875_1004075696351872_5021472943770231878_n.jpg

Тимовите се номинирани за глобалниот натпревар во една од категориите: „Најдобра употреба на податоци“, „Најдобра употреба на хардвер“, „Најдобар концепт на мисија“, „Галактички импакт“, „Најинспиративен проект“ и „Избор на публиката“.

0