На 10.10.2022 од 10:00 во амфитеатарот на ФИНКИ се оддржа состанок на работните групи на COST CA19130 - Fintech and AI in Finance. На состанокот имаше генерална дискусија за целите на акцијата, идните планови, како и за презентација на истражувачката работа на членовите на акцијата и гостите. На состанокот учествуваа 20 учесници од 8 земји.

 

 

Клучните цели на акцијата се:

  • да се подобри транспарентноста на процесите поддржани со вештачка интелигенција во просторот на Финтек.
  • да се разгледа разликата помеѓу пролиферацијата на моделите на вештачка интелигенција во финансиската индустрија за проценка на ризик и одлучување и ограничениот увид што јавноста го има во последиците од нејзиното користење преку генерирање на документи за препораки, политики и методи за зголемување на транспарентноста.
  • да се развијат методи за проверка на квалитетот на производите, особено „паметните бета“ производи, базирани на правила, во индустриите за менаџирање со ресурси, банкарство и осигурување.

 

Повеќе информации за акцијата можете да најдете на линкот [https://www.cost.eu/actions/CA19130/#tabs|Name:overview]

1