З.У. Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје, им соопштува на редовните и вонредните студенти од ПРВА ГОДИНА на ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО СКОПЈЕ да се јават на задолжителниот систематски преглед.

Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, која е сместена позади студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” на улицата “Митрополит Теодосиј Голованов” број 58 (Иво Лола Рибар) од 15.12-31.12.2025 година. Во периодот од 07:30 до 12:00 часот.  

Систематскиот преглед опфаќа: лабораторија општ медицински преглед и Стоматолошки преглед (лабораторија од 7.30---10.00)

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Заверена здравствена легитимација 
  3. Копија од Здравствена легитимација од 2 до 5 страна

 
НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3  ниту на еден студент нема да му биде заверен зимскиот семестар додека З.У. Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, не потврди во индексот дека студентот е систематски прегледан во 2025/2026 година. 

ЗУ Поликлиника на Универзитет Св.Кирил и Методиј - Скопје