Почитувани студенти,

Согласно воспоставената пракса и во учебната 2022/23 година, Факултетот ќе издвои средства за делумно намалување на партиципација на студенти од социјално загрозени семејства и деца на самохрани родители.

Студентите на ФИНКИ кои имаат потреба од ослободување на дел од партиципацијата за учебната година 22/23 можат да поднесат молба за делумно намалување на партиципација со приложување на документи со кои се поткрепува молбата.

Документите, заедно со молбата во која се наведени личните податоци, број на индекс, насока и квота, треба да се достават во архивата на факултетот најдоцна до 30.10.2022 година.

 

Напомена: Евентуалното намалување на партиципација е на годишно ниво и се пресметува во летниот семестар од учебната 22/23 година.